Search

За вработениот во Централниот регистар кој ѝ се закануваше на новинарката Јордановска имало дисциплинска постапка

За вработениот Емил Јакимовски во Централниот регистар, кој преку Интернет ѝ се закануваше на новинарката и заменик-уредничката на „А1он“, Мери Јордановска, има отворена дисциплинска постапка, а против него има пријави за закани и од други лица, соопшти директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски.

„Централниот регистар на Република Северна Македонија најостро ги осудува заканите на вработениот Емил Јакимовски преку Интернет врз новинарката и заменик-уредникот на ‘А1он’ Мери Јордановска. Сакаме да истакнеме дека поради нарушување на работниот ред и дисциплина, како и закани кон вработени во Централниот регистар на Република Северна Македонија против Емил Јакимовски веќе е отворена дисциплинска постапка. Комисијата се уште нема одлука, бидејќи вработениот Емил Јакимовски веќе неколку месеци е на боледување“, наведе таа.

Бошковска-Јанковски вели дека во изминатиот период во МВР има повеќе пријави од вработени во Централниот регистар поради закани од истото лице. Пријава поднела и самата затоа што, како што вели, постојано добивала закани од Јакимовски.

„Централниот регистар секогаш имал одлична соработка со медиумските работници и новинарите и затоа апелираме МВР и истражните органи да ги испитаат ваквите наводи и да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на случајот“, вели директорката.

Треба да знаете
Последни објави