Search

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО со ЈО во едно обвинителство на некој начин е практично прифатливо и тоа е една од оние можности кои што биле понудени. Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за новиот предлог-закон за Јавното обвинителство, најави дека деталите треба да бидат анализирани, а потоа од партијата ќе излезат со конкретни забелешки.

Во однос на предлогот на премиерот Зоран Заев, што се однесува на тоа обвинителката Русковска да раковди со него Арсовски рече дека дека ваквата идеја за нив е далеку од прифатлива.

„Зоран Заев со предлогот уште еднаш ја потврди спрегата помеѓу СДСМ, него и ‘Русковска обвнителството’. Тој уште еднаш потврди дека неговиот предлог за нов обвинител, наместо Катица Јанева е негов личен избор, односно човек кој што целиот изминат период работел за интересите на СДСМ и на оваа влада, и практично бил дел од селективната правда која што ја нарачуваше Зоран Заев од канцелариите на Владата, а Русковска обвинителството и Кацарска судството ја исполнуваа на дело. Сите оние кои што беа против Зоран Заев, кои што ќе се обидеа да кренат глава против Зоран Заев, беа обвинувани и осудувани од страна на Русковска и Кацарска. Затоа, тоа е една лична желба на Зоран Заев која што за нас е далеку од прифатлива“, изјави Арсовски.

Тој искоментира дека со предлог-законот се потврдува оти СЈО било полно со криминал и корупција и дека не можело да одговори на висината на задачата за која што било создадено.

Арсовски додаде дека ќе продолжат да инсистираат на датум за предвремени парламентарни избори.

Треба да знаете
Последни објави