Search

За визит-картичка на Путин се бараат милион рубли

Една од аукциските куќи на Велика Британија ја објави продажбата на лични предмети од премиерка на Велика Британија, Маргарет Тачер. Почетната цена на колекцијата изнесувала околу 30 илјади фунти (околу 33.351 евра). Но, и рускиот претседател Владимир Путин е многу интересен за колекционерите во светот.

Пред неколку години на интернет се појави во продажба визит-картичката на рускиот претседател Владимир Путин. На картичката, која е отпечатена во 1990 или 1991 година, била назначена тогашната должност на Владимир Путин – советник за меѓународни односи на претседателот на Градскиот совет на народни пратеници на Ленинград.

Во тоа време денешниот претседател на Русија бил на должност во Санкт Петербург. Покрај типографските линии, на картичката се рачно напишани неколку броеви. Сопственикот на визит-картичката, која е добро зачувана, барал 950.000 рубли (13.450 евра).

Треба да знаете
Последни објави