Search

За британската армија, изразувањето патриотизам може да биде знак на крајнодесничарски екстремизам

Војниците што се декларираат како патриоти или користат зборови како ‘исламофашизам’ или ‘предавници’, би можеле да бидат десничарски екстремисти, се вели во документ од британската армија, пренесува „Мејл онлајн“.

Првично напишан во 2017 година, брошурата „Екстремно десно крило (XRW): индикатори и предупредувања” била испратен до високиот одбранбен персонал за да го едуцира командниот синџир за показателите и предупредувањата на персоналот кој би можел да застапува екстремистички ставови.

Со дваесетината мисли и изрази наведени, во брошурата им се советува на примателите да внимаваат на војниците кои: се опишуваат како патриоти; додаваат -истан на британските имиња; го користа терминот ‘исламофашизам’; ги вклучуваат колегите во затворени групи на социјални мрежи; ја сметаат политичката коректност за некакво лево крило или комунистичка завера; или кои прават погрешна генерализација на левицата или на владата”.

Министерството за одбрана потврди дека документот добиен од „Мејл онлајн“ е вистински, при што портпаролот изјави:

„Вредностите на нашите вооружени сили и на нацијата на која ѝ служат се целосно неспоиви со екстремистички ставови. Имаме цврсти мерки за да се осигураме дека оние што ги излагаат овие ставови не смеат да служат.“

Документот беше објавен по апсењето на четворица војници во 2017 година обвинети за врски со забранетата група „Национална акција“.

Минатата година, британската армија беше критикувана поради својот груб приод откако се закани дека ќе испита група млади војници кои објавија фотографија, подоцна објавена во социјалните мрежи, на десничарскиот активист и граѓански новинар Томи Робинсон. Армијата објави соопштение во кое се вели:

„Крајнодесничарската идеологија е сосема спротивна на вредностите и етосот на вооружените сил. Секој воен персонал кој ќе ги прекрши армиските вредности и стандарди ќе се соочи со административни мерки”.

Министерството за одбрана започна истрага откако се појави видео кое прикажва војници кои пукааат во фотографија на Џереми Корбин.

Треба да знаете
Последни објави