Search

За бегството на Груевски под истрага и полицајци

Две истраги во моментов се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и кој му помогнал во тоа. Владиниот портпарол Миле Божњаковски на прес-конфереција информираше дека во рамките на МВР во тек е постапка за утврдување на начинот на кој Груевски, кој е осуден на двегодишна затворска казна, ја напуштил територијата на Република Македонија.

,,Одделот на внатрешна контрола спроведува постапка за можна инволвираност на полициски службеници дека му помогнале во бегството, а дополнително секторот за внатрешни работи на Скопје го утврдува начинот на бегството, како и евентуално надворешни помагатели. По завршување на овие две постапки, МВР ќе озлезе во јавност со целосна слика за тоа како се организирало бегството на Никола Груевски”, рече Бошњаковски.

Треба да знаете
Последни објави