Search

За албанските социјалисти потпишаниот меморандум за „Коридорот 8″ е значаен за развојот на Западен Балкан

Албанските владејачки социјалисти го поздравија поптишувањето на меморандумот за „Коридорот 8″ од страна на Албанија, Бугарија и Северна Македонија.

Ставот на партијата на Фејсбук го изкажа Таулант Бала, висок партиски функционер и координатор на пратеничката група во албанскиот Парламент, за кого „потпишувањето на меморандумот е важен чекор за соработката меѓу трите земји, за еден од најзначајните проекти за развојот на Западен Балкан”.

„Го поздравуваме потпишувањето на трипартитниот меморандум меѓу Албанија, Бугарија и Северна Македонија во врска со „Коридорот 8″. Важен чекор за соработка меѓу трите земји, за еден од најзначајните проекти за развој на Западен Балкан. Од Драч-Рогожина-Пеќин-Елбасан-Либражд-Прењас,овој коридор е и останува многу важен за Албанија”, напиша Бала.

Како што наведуваат албанските медиуми во определбата на земјата за поголема соработка на земјите во регионот, владата деновиве усвоила спогодба за слободна трговија со Србија и Северна Македонија, која веќе е објавена во службен весник.

Тоа е првиот одобрен договор за слободна трговија со двете земји што е дел од иницијативата „Отворен Балкан” и е во интерес на слободното движење.

Треба да знаете
Последни објави