Search

Зајакнување на дијалогот и соработка меѓу Платежните агенции во  ЕУ со цел подобри резултати од спроведување на Заедничката земјоделска политика

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој, Николче Бабовски,  неговиот заменик Авдул Селам Селами, како и претставници од АФПЗРР, учестуваа на„ 45- тата конференција на директори на Платежните Агенции во Европската унија“ , која се оддржа во Букурешт, Романија. Македонската делегација  предводена од  директорот  Бабовски, активно учествуваше и оствари повеќе  билатерални средби кои се од клучно значење за Република Северна Македонија на патот кон Европската унија.

Дел од претставниците на Европската Унија, порачаа дека сите земји членки, вклучувајќи ги и земјите кандидатки, треба да се фиокусираат кон производство на здрава храна, односно поголем број на органски производи како и користење на потенцијалот за обновливи извори на енергија.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, истакна  дека искуствата и помошта што Македонија ја добива од земјите членки на ЕУ се од огромно значење за Република Северна Македонија. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, посветено работи на прилагодување и унапредување на капацитетите, се со цел полесно воведување на заедничката земјоделска политика, како и зајакнување и модернизација на агро секторот.

„Размената на искуства, примената на нови современи техники и технологии се од огромно значeње за сите нас. Автоматизација на процесот на доделување на субвенции за земјоделците, олеснување и поедноставување на исплатата на средствата како и унапредување на домашните фарми,  се клучните нешта на кои треба посветено да се работи во наредниот период. Целта е Република Северна Македонија, лесно да се прилагоди кон  заедничката Европска  земјоделска политика. Само со освовременување на земјоделството и со воведување на нови технологии домашниот агро сектор може да се развива, унапредува. Европските фондови како и ИПАРД Прогрмите се од клучно значење во осовременување и модернизација на домашните земјоделски и преработувачки капацитети.“ – рече Бабовски“

Претседателот на Советот и министер за земјоделство и рурален развој на Романија, Петре Даеа, истакна дека повеќе од потребна е чиста планета и здрава храна за сите.

„Минатата недела, во Сибиу, нашите водачи ја потврдија важноста на унитарниот пристап кон климатските промени. Иако главната цел на земјоделството е да обезбеди безбедност на храна во Европа, земјоделството и шумарството може да придонесат за исполнување на амбициозните цели на ЕУ за животната средина. Денес, разговаравме како можеме да ги охрабриме и да ги подготвиме нашите земјоделци да се соочат со овој предизвик “, рече Петре Даеа, министер за земјоделство и рурален развој на Романија и претседател на Советот.

Претставниците на „45- тата Конференција на директори на Платежните Агенции во Европската унија “, имаа можност да ги изразат своите ставови и да размислуваат за чувствителни прашања, како и за приоритетите и придобивките за земјоделството на ЕУ. Освен за земјоделство, на годинашнава конференција се разговараше и за зголемување на економскиот раст, зајакнување на конкурентноста, Европскиот повеќегодишен буџет и неговото управување.

Конференцијата на директори на платежни агенции во Европската унија  е настан, кој се одржува два пати годишно во рамките на ротирачкото претседателство на Советот, посветен пред се на директори на платежни агенции на сите земји-членки на ЕУ и земјите кандидати.

Треба да знаете
Последни објави