Search

Заштитни мерки во Панама: Еден ден ќе излегуваат жените, а наредниот мажите

Панама најави строги карантински мерки со кои, во обид да се забави ширењето на коронавирусот, ќе се одвојат граѓаните според пол, објави во вторникот „Ројтерс“.

Почнувајќи од среда, на мажите и жените ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови на два часа, еден по еден, но во различни денови.

Досега, карантинот не се применуваше врз основа на пол, но според одлуката што утре стапува на сила, мажите ќе можат да одат во продавница или аптека во вторник, четврток и сабота, а жените во понеделник, среда и петок.

Никој нема да може да излегува надвор во недела и новите мерки ќе траат 15 дена, објасни владата.

„Овие мерки не се ништо друго, туку спасување на вашите животи“, рече министерот за безбедност Хуан Пино.

Тој додаде дека минатата недела биле уапсени 2.000 лица поради прекршување на мерките за карантин.

Панама го забележа својот прв случај на инфекција со Ковид-19 на 10 март. Во моментов има 1.075 заразени во земјата, од кои 43 се на интензивна нега. Досега, 27 лица починале од вирусот.

Треба да знаете
Последни објави