Search

Заштити го канализацискиот систем „Биди одговорен, однесувај се совесно“

Одржувањето на системот за одведување на урбани отпадни води и третманот на отпадните води е од исклучително значење за заедницата, за санитарната и здравствена заштита, како и за заштита на животната средина од загадување.

Дневните навики на граѓаните придонесуваат во заштитата на канализацискиот систем. Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје често се сведоци на затната канализациска мрежа во и надвор од домаќинствата, а како причина за тоа е неправилно одложен отпад од домаќинствата. Одводот не е место за остатоци од храна, бигор, влажни марамици, пелени и одложување на други хигиенски производи.

При неодговорно и несовесно одлагање на отпад во системот за одведување на урбани отпадни води, се нарушува неговата функционалност и најчесто доаѓа до излевање на отпадните води, кои доколку не се пречистени и правилно третирани штетно влијаат врз здравјето на луѓето и врз животната средина.

Пријавете злоупотреба на водоснабдителниот и канализацискиот систем на:

02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
02 3240 300, Дирекција
kontakt@vodovod-skopje.com.mk
www.vodovod-skopje.com.mk
www.facebook.com/jpvodovod.skopje

Треба да знаете
Последни објави