Search

Зачин кој ги напаѓа вирусите

Циметот е голем извор на витамини и минерали, содржи калциум, железо, манган, витамин Ц и витамин К, како и диететски влакна.

Освен што е додаток на колачите и тортите циметот е природен лек. Едно од природните решенија за вирусите е токму циметот кој има моќ да го запре растот и развојот на размножувањето на бактериите, вирусите и габите.

Доколку сакате да го подобрите имунитетот циметот е идеален зачин кој може секојдневно да се најде на вашата трпеза. Може да го употребувате како зачин во колачи, солени јадења и смути.

Кои карактеристики ги има циметот?

1. Го подобрува имунитетот

Комбинацијата на мед и цимет веќе долги години се користи како природен лек. Една лажичка мед и четвртина лажичка цимет растворени во чаша вода го подобруваат имунитетот и го штитат организмот од вируси и бактерии.

2. Го стимулира мозокот

Истражувањата покажале дека мирисот на циметот може да ги подобри когнитивните способности, паметењето, да се зголеми будноста и концентрацијата.

3. Го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта

Студија спроведена во 2003 година покажува дека редовната употреба на цимет може да го намали нивото на шеќер во крвта и лошиот холестерол.

4. Ја намалува менструалната болка

Жените кои страдаат од силни менструални болки треба да го зголемат внесот на цимет. Со редовна употреба овој зачин помага во ублажување на болките.

5. Го зголемува нивото на енергија и ја подобрува циркулацијата

Една чаша овошен чај со четвртина лажиче цимет ќе ве окрепи. Особено е корисна за луѓето чии нозе се постојано студени, бидејќи оваа мешавина ја зголемува виталноста и ја подобрува циркулацијата.

Треба да знаете
Последни објави