Search

Зачекори со хулахопки и чорапи на Лисца

Компанијата LISCA со спектакуларна pop-up dance сензација, ја претстави новата колекција на хулахопки и чорапи во трговскиот центар „Сити Мол”. Настанот се одржа пред продажниот салон на LISCA, организиран според протоколите за заштита од Ковид-19.

Посетителите на трговскиот центар, како и лојалните потрошувачи на LISCA уживаа во презентирањето на новата колекција на хулахопки и чорапи, кое беше изведено од страна на танцова група – балерини, од танцовиот клуб „Dancers United – Dance & Fitness Studio”.  Пет балерини беа облечени во хулахопките на LISCA и преку танц и елегантни движења, магично ги доловија убавината и квалитетот на новите производи. Бајката траеше половина час на големо задоволство на сите кои што го проследија.

Треба да знаете
Последни објави