Search

Захарова: Ќе се одмаздиме ако Киев не обезбеди сигурност за руските дипломати

Москва ќе преземе мерки и ќе се одмаздиме доколку Киев не обезбеди целосна сигурност и безбедност на руските дипломати во Украина, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Според неа, имињата на двајца руски дипломати, кои работат во Украина, биле додадени во базата на податоци на украинскиот веб-сајт „Миротворец“, со што нивната безбедност е доведена во опасност, пренесе ТАСС.

„Ги повикуваме украинските власти строго да ја почитуваат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година и да обезбедат безбедност и сигурност на дипломатскиот и конзуларниот персонал”, истакна Захарова.

„Ние можеме да одговориме на такво нешто и ќе одговориме ако не се преземат чекори за обезбедување на безбедноста на руските дипломатски објекти или на руските дипломати”, додава таа.

Ова следува по инцидентите кај теснецот Керч, кој се случи минатиот месец, а во кој руските безбедносни сили запленија три укрински воени бродови и неколку членови на екипажот. Русија обвини дека бродовите нелегално навлегле во руските територијални води.

Треба да знаете
Последни објави