Search

Захарова: Повикот на Трамп до војската на Венецуела е уцена

Повикот на американскиот претседател Доналд Трамп дo венецуелската војска, да ја поддржи опозицијата предводена од Хуан Гваидо, треба да се смета за уцена, оцени портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

„Уцена како средство за повраток на демократијата на народот на Венецуела“ напиша Захарова на својот Фејсбук, како реакција на говорот на Трамп во Мајами и неговиот повик на војската на Венецуела да ја поддржи опозицијата, да дозволи поминување на хуманитарниот конвој и така да биде амнестирана или во спротивно ќе изгуби се.

Треба да знаете
Последни објави