Search

Захарова: Европските надежи се урнаа како Берлинскиот ѕид

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова оцени дека денес се урнати надежите на европските држави дека ќе создадат обединета и просперитетна Европа, без линии на разграничување, кои се родија по падот на Берлинскиот ѕид.

– Поради падот на Берлинскиот ѕид, многумина се радуваа на мирна, просперитетна и обединета Европа, без линии на разграничување. За жал, таквите очекувања пропаднаа. Тие надежи се урнаа како Берлинскиот ѕид, изјави денеска Захарова на прес-конференција во Москва.

Според неа, мирот и безбедноста во Европа треба да бидат универзални и неделливи.

Таа рече дека Русија во својата надворешна политика секогаш ги почитувала и ќе ги почитува тие принципи и оти од партнерите очекува да се „најдат на половина пат”.

Утре се одбележуваат 30 години од падот на Берлинскиот ѕид – еден од симболите на Студената војна. Ѕидот е изграден во 1961 година поради масовното преминување на луѓето од Источна во Западна Германија. Според одредени податоци, до почетокот на 60-те години на Запад пребегнале околу 1,6 милиони луѓе.

Треба да знаете
Последни објави