Search

Захариева: С. Македонија ќе има место во ЕУ кога ќе биде подготвена

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева утринава изјави дека бугарската дипломатија не може да си дозволи да води политика на оцрнување на друга држава, каква според неа води Скопје, пренесува БГНЕС.

-За Северна Македонија ќе има место во Европската унија тогаш кога ќе биде подготвена. Моментално Бугарија не смета дека таа е подготвена, изјави Захариева.

Бугарија, како што рекла продолжува да биде поддржувач на проширувањето на ЕУ, но властите во Скопје, според неа, погрешно разбрале дека може да биде притисната и да ги смени своите позиции.

Захариева ја советува Македонија да не се откажува при првиот проблем на патот за одобрување на Преговарачката рамка и предупредува дека допрва претстојат проблеми, а процесот не е лесен. И Бугарија, додава, минала таков пат.

-Кога ќе се смират страстите, вклучувајќи и во Бугарија, и ќе почне да се мисли не толку емотивно, кога ќе прекинат да се придржуваат кон градењето држава, единствено и само врз антибугарска идеологија, тогаш ќе постигнат многу повеќе. Од вистината не може да се избега, заклучи Захариева.

Треба да знаете
Последни објави