Search

Захариева се закани со вето ако Македонија не го прифати бугарскиот предлог

Бугарската министерка за надворешни работи Захариева отворено се закани со вето за Македонија. Во интрвју за Ројтерс таа тврди дека Бугарија не го оспорува правото на Република Северна Македонија на самоопределување, ниту правото да го нарекуваат својот јазик како што сакаат. “Ние сме  подготвени да ја потврдиме сегашната реалност, но тие треба да ја признаат историската вистина“, изјави бугарската министерка. Во интервјуто за Ројтерс таа вели и  “Доколку двете земји не го решат проблемот, Бугарија ќе стави вето. Софија, го губи трпението поради одбивањето на Северна Македонија да го имплементира Договорот за пријателство кој двете земји го потпишаа во 2017 година.“. Клучниот проблем за Бугарија е како да ги запре барањата за признавање на македонско малцинство во земјата. Според Захариева, тој проблем ќе се реши доколку Скопје признае дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени. „Нашите грижи потекнуваат од бескрајните тврдења за македонско малцинство во Бугарија. Признавањето на бугарските корени ќе му стави крај на тоа“, вели Захариева…

Преземено од Телма

Треба да знаете
Последни објави