Search

Зафатена поп дива: Џенифер Лопез сподели клип како работи од дома на лаптоп

Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез се огласија на Инстаграм во средата за да споделат клип на кој пејачката очигледно работи од дома.

Видеото го објавија и двајцата на Инстаграм-стори, Џенифер за нејзините 138 милиони следачи, и Алекс за неговите 3.9 милиони следачи на социјалната мрежа

51-годишната забавувачка од клипот носи светло зелен дуксер додека седи во удобна фотелја со отворен лаптоп на нозете.

Џеј Ло седи пред голем црн ѕид на кој доминира уметничко дело кое потсетува на покојниот поп уметник Кит Харинг, со транспарент близу таванот на кој пишува The Bronx Queen („Кралицата на Бронкс“).

Треба да знаете
Последни објави