Search

Затекнати 45 лица од Пакистан во камион на автопатот Скопје-Велес

Четириесет и пет лица од Пакистан биле затекнати во камион кај наплатна станица „Отовица“ на автопатот Велес-Скопје.

МВР соопшти дека контролата на возилото била спроведена синоќа по полноќ, пришто бил приведен 28-годишниот И.М. од селото Марвинци, Богданци кој управувал со возилото.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави