Search

Затвор за двајца членови на бандата на Зарубица за најголемата лабораторија за синтетички дроги

Двајца членови на бандата на Србинот Милан Зарубица, која ја држеше најголемата лабораторија за синтетички дроги во Југоисточна Европа добија затворски казни, информираше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Претходно, во септември лани беа осудени Зарубица  и уште четворица, но тие признаа вина и добија помали казни без судење.
-По одржани судски рочишта на кои беа изведени предложените докази, денеска надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје ги објави осудителните пресуди за преостанатите двајца обвинети во предметот за најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа. За сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, на обвинетиот С.Ш. судот му изрече казна затвор во траење од осум години, додека обвинетиот А.Х. е осуден на казна затвор во траење од четири години. По објавата на пресудата, надлежниот јавен обвинител предложи мерката притвор за двајцата обвинети да биде продолжена до правосилност на пресудата. Судот донесе Решение со кое мерката притвор ја продолжи само спрема обвинетиот С.Ш., додека за А.Х. ја укина. Незадоволен од ваквата одлука, надлежниот јавен обвинител најави жалба, велат од ОЈО.

Во септември 2018 година, Основниот суд Скопје 1 – Скопје по дадени изјави за признание на вина на дел од обвинетите, донесе пресуда со која беа осудени на казна затвор и тоа: Зарубица во траење од 11 години, С.К.- девет години, И.Ш. и З.Д на седум години и А.М. за двете дела на четири години. по жалба на ОЈО,  по однос на висината на изречените казни затвор, второстепениот суд за обвинетиот М.З. казната затвор ја зголеми на 13 години, за С.К. ја зголеми на 11 години, за А.М. за двете кривични дела ја зголеми на единствена казна затвор во траење од шест години, а за обвинетите И.Ш. и З.Д ги потврди претходно изречените казни.

Според обвинението, во текот на 2017 година обвинетите како меѓународна организирана криминална група во Србија и Македонија неовластено купувале, држеле, пренесувале и посредувале во продажба и купување на психотропни супстанции и прекурзори наменети за производство на психотропна супстанца-амфетамин- велат од обвинителството. Дел од набавените материјали, супстанции и прекурзори, ги сместиле во објект во село Батинци, а дел во објект во Тетово каде инсталирала мини-фабриказ а амфетамин.

Полицијата запленила 204.696 таблетки што содржат амфетамин, со вкупна нето маса од 35 килограми, 910.415 таблетки со лого „каптагон“ што содржат амфетамин, со вкупна нето маса од 155 килограми, амфeтaмин со нето маса од 52 килограми вредни над 2,5 милони евра.

Треба да знаете
Последни објави