Search

Затворска казна поради организирање забави за време на пандемијата на Ковид-19

Судот во американската сојузна држава Мериленд го осуди 42-годишниот Шон Маршал Мајерс на една година затвор поради непочитување на мерките за спречување на ширењето на Ковид-19.

Имено, Мајерс е прогласен за виновен поради кршење на забраната за организирање собири со повеќе од 10 лица, што беше пропишано од државата Мериленд за време на пандемијата.

На 22 март тој организирал забава во неговата куќа, на којашто присуствувале околу 50 лица. Полицијата интервенирала. Но, седум дена подоцна, добиле дојава дека Мајерс повторно организира забава со повеќе од 50 лица.

Судот смета дека претставува отежнувачка околност што тој се расправал со полицајците кои интервенирале, и тоа во двата случаја. 

Треба да знаете
Последни објави