Search

Затворот во кој оди Ел Чапо го сметаат за непробојна тврдина и е полн со озлогласени цимери

Еден од најпознатите наркобосови, 62-годишниот Хоакин Гусман, познат под прекарот Ел Чапо на кој денеска во Њујорк треба да му биде изречена финалната пресуда, речиси сигурно ќе добие доживотна казна затвор.

Сите светски медиуми пишуваат дека рочиштето е повеќе или помалку чиста формалност. Гусман е поранешен лидер на наркокартелот Синалоа, во февруари беше прогласен за виновен за кривични дела извршени во период од четвртина век, вклучувајќи и шверц на стотици тони кокаин, хероин, метамфетамин и марихуана во САД.

Поротниците во судењето имаа можност да го слушне секој детаљ од работата на картелот, како и детали од возбудливиот живот на Гусман. Тој кариерата ја започнал работејќи на плантажи за марихуана во колумбиската држава Синалоа, но сега се чини остатокот од животот ќе го мине во затворот познат како „Алкатраз на Карпите“ – федерален затвор со најстроги безбедносни мерки лоциран во Флоренс, Колорадо.

Како што пишува Си-ен-ен, ADX Florence, e најсигурниот затвор под максимална безбедност во САД, изграден за најлошите меѓу најлошите осудени во затворскиот систем, вклучувајќи насилни затвореници и осудени домашни терористи. Повеќе од 400 затвореници, колку што има вкупно зад ѕидовите на оваа тврдина, 23 часа од денот минуваат целосно сами, во бетонски и звучно изолирани ќелии со димензија од 2 на 3,5 метри.

Таму Гусман ќе го пречекаат подеднакво познати и озлогласени цимери, вклучувајќи го анархо-терористот и брилијантен математичар Тед Качински познат како Унабомбер, исто така, домашниот терорист Тери Николс кој во 1995 година разнесе канцелариски комплекс на федералните служби во центарот на Оклахома Сити при што загинаа 168 лица, а повеќе од 800 беа повредени, Ричард Рид, британски терорист и следбеник на „Ал Каеда“ познат како бомбашот со чевли, кој беше осуден на доживотен затвор поради обидот во 2001 година да разнесе авион на прекуокеански лет со експлозив скриен во чевлите и Џокар Царнаев, терорист кој во 2013 година изврши напад врз учесниците на бостонскиот маратон. Тој е во затворот го чека извршувањето на изречената смртна казна.

Треба да знаете
Последни објави