Search

Затвореник од „Кшање“ завршил во болница,го претепал друг затвореник

На 01.04.2020 во 22.40 часот во Полициска станица Куманово, вработен во КПУ Затвор „К’шање” во Куманово пријавил дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца затвореници, С.С.(30) од с.Ропаљце – Липково и М.М.(25) од Куманово, пo што С.С. бил пренесен во Општата болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави