Search

Затвореник избегал од струшкиот затвор

Затвореник кој бил на издржување казна затвор во затворот во Струга, завчера избегал од затворот, информираат од СВР Охрид.

– Вчера во ПС Струга, овластено службено лице од казнено поправна установа-затвор Струга, пријавил дека претходниот ден во 21.50 часот, од затворот избегал С.А. кој бил на издржување на затворска казна-изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.
Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на затвореникот.

Треба да знаете
Последни објави