Search

Застрелан фудбалер во Амстердам

Келвин Мејнард, холандски фудбалер е застрелан синоќа во Амстердам. Искусниот 32 годишен фудбалер бил застрелан додека бил во својот автомобил. Кон него е пукано од скутер, по што починал на лице место.  Полицијата трага по напаѓачите, а засега нема информација зошто бил застрелан Мејнард.

Во својата фудбалска кариера Мејнард има настапувано за Волендам Емен, Буртон.. Во претходните две сезони го носеше дресот на Квик Бојс, а покрај тоа има настапувано и за тимови во Белгија, Португалија и Унгарија.
Треба да знаете
Последни објави