Search

Засега не се размислува за заострување на мерките во Куманово, смета Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека се следи внимателно ситуацијата со бројот на заболени во Куманово и ширењето на коронавирусот, но оти засега нема потреба од дополнителни заострени мерки.

– Нашите анализи, проценката на контактите на сите овие луѓе кои се новозаболени, како контактирале со нивните примарни контакти укажуваат на тоа дека засега не треба да се заоструваат мерките. Ја пратиме ситуацијата секојдневно, се анализираат случаите која била релацијата и местото на живеење. Тоа интензивно на терен го работат епидемиолозите. Така што можно е да се донесат и нови мерки, но не засега, заради тоа што овие рестрикции во движењето, полицискиот час, одвојувањето на двете ризични групи преку ден до 12 и после 13 часот, сметаме дека се доволни мерки, рече на денешната прес-конференција министерот Филипче.

Тој уште еднаш апелираше граѓаните од Куманово, како и сите други граѓани во земјата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и препораки со цел земјата да се справи со ширењето на коронавирусот. Рече дека засега не се размислува за засилување на мерките и оти МВР и инспекторатите се постојано на терен во контрола на спроведувањето на постојните мерки.

-Ова е една ситуација, борба, војна во која сите ние ја носиме одговорноста. Без свест и одговорност на граѓаните како позитивен импут во борбата е тешко да се спроведат сите одлуки и мерки на Владата, порача Филипче.

Треба да знаете
Последни објави