Search

Засадени нови дрвја во Аеродром, за 2 години нови 5.500 дрвја

Прес конференција А.Хоџиќ – Советничка во Општина Аеродром

 „Грижата за чист воздух и чиста животна средина е врвен приоритет на локалната власт во Аеродром предводена од СДСМ и градоначалникот Златко Марин.

Доказ за тоа е неодамна спроведената акција за засадување дрвја околу основното училиште „Ѓоргија Пулевски”, во која се вклучија голем број граѓани. Ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период на други локации, а ќе се засадуваат висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја.

Во изминатите две години општинската власт засади вкупно 5 500 дрвја, а во буџетот за наредната година предвиде дополнителни средства за набавка на нови садници. Нашиот влог во здрава животна средина е трајна придобивка што позитивно влијае врз здравјето на сите граѓани.

Продолжуваме со масовни акции за засадување дрвја и пошумување, кои се вистински начин во борбата со климатските промени и големото загадување на воздухот. ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години го игнорираше проблемот со загадувањето и не презеде ништо, а истовремено го уништуваше градејќи барокни згради и споменици.

Денес Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции преземаат серија мерки на локално и на национално ниво преку кои се решава долгогодишниот проблем со аерозагадувањето.“

Треба да знаете
Последни објави