Search

Заробени 55 илјaди борци на Исламска држава, ОН не знаат што да прават со нив

Комесарката на ОН за човекови права, Мишел Башеле, порача дека вкупно 55.000 затвореници, борци на Исламската држава, вклучувајќи странци и нивните семејства, кои се притворени во Сирија и во Ирак, треба да добијат фер судење или да бидат пуштени на слобода.

Државите мора да преземат одговорност за своите граѓани и не би требало децата на борците коив веќе претрпеле премногу, да ги остават без помош од сопствената земја, му посочи Башеле на Советот на ОН за човекови права, кој следните три недели ќе заседава во Женева.

Бројката од 55.000 вклучува странски борци од речиси 50 земји односно 11.000 членови на нивните семејства уапсени во кампот ал-Хол во североисточна Сирија во многу лоши услови за живеење, вели Башеле.

Властите во североисточна Сирија ги повикаа западните земји да ги преземат своите државјани кои пристапиле кон Исламска држава и нивните семејства, откако годинава Сириските демократски сили (SDF), поддржани од САД, го заземаа и последното упориште на исламистите.

„Членовите на семејствата на странски борци мора да бидат вратени во своите земји, освен ако не треба да им се суди за воени злосторства во согласност со меѓународните стандарди. Децата имаат претрпено сериозни повреди на нивните права, вклучувајќи ги и оние кои биле индоктринирани и регрутирани од Исламска држава да учествуваат во насилни дека“, заклучи Башеле.

Треба да знаете
Последни објави