Search

Зариф: Трамп има лоши советници

Мислам дека американскиот претседател Доналд Трамп нема добри советници, изјави шефот на иранската дипломатија, Џавад Зариф.

Тој оцени дека Трамп се откажал од состанокот со иранскиот колега Хасан Рохани, бидејќи бил лошо советуван и му било кажано дека ќе падне власта во Техеран.

„Мислам дека претседателот Трамп нема добри советници. Очекува да падне иранската влада од кога се повлече од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма во 2018 година“ рекол Зариф на конференцијата за безбедност во Минхен.

Иранскиот министердодал дека сугестиите од францускиот претседател Емануел Макрон и јапонскиот премиер Шинзо Абе „нажалост стигнале до ушите на еден глув човек“, бидејќи Трамп го увериле дека владата ќе падне и дека не треба да разговара со таков режим.

Треба да знаете
Последни објави