Search

Зариф: Состанокот со американскиот сенатор ја исплаши администрацијата на Трамп

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф вели дека неговиот неодамнешен состанок со американскиот сенатор Крис Марфи ја исплаши администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи тоа било можност директно да се разговара со американската нација.

Зариф минатата недела се сретна со сенаторот Марфи на маргините на меѓународната безбедносна конференција во Германија.

Како што пренесуваат светските агенции, демократот од Конектикат го бранеше состанокот вчера, откако неговите постапки беа анализирани од страна на конзервативните медиуми и затоа што американскиот претседател Трамп посочи дека американскиот закон можеби е прекршен.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео смета дека секој кој ќе се сретне со Зариф изразува американска позиција спрема Иран.

Зариф изјави дека ова не му е прв разговор „лице во лице” со американски сенатори во последните 20 години.

Марфи рече дека состанокот со Зариф бил важен, „затоа што е опасно да не се зборува со непријателите” и додаде дека „не постои заблуда за Иран – дека Иран е противник на САД”.

Треба да знаете
Последни објави