Search

Зариф: Напад од САД или од Саудиска Арабија врз Иран ќе резултира со „сеопшта војна”

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека секој воен напад од страна на САД или од Саудиска Арабија кон неговата земја ќе резултира во „сеопшта војна”.

– Објавувам многу сериозни ставови дека не сакаме војна или да се најдеме во воен конфликт. Но, нема да се двоумиме да ја одбраниме нашата територија, истакна Зариф за Си-Ен-Ен.

Вашингтон го обвини Иран за нападот врз саудиските нафтени посторјки  за време на викендот, додека Техеран демантира и ги предупреди САД дека „веднаш” ќе се одмаздат доколку бидат нападнати поради настаните во во Саудиска Арабија.

Треба да знаете
Последни објави