Search

Зариф: И уште еден шпионски дрон беше на нашата територија

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, објави мапа која покажува дека уште еден американски дрон бил во воздушниот простор на Иран.

Иранска ракета на 20 јуни собори американски дрон, бидејќи, како што изјавија иранските власти, тој влегол во воздушниот простор на Иран. Армијата на САД потврди дека бил соборен дрон, но наведе дека тој летал во меѓународниот простор над Ормускиот Проток.

Иранскиот министер за надворешни работи објави фотографија на „Твитер”, наведувајќи дека таа е доказ за упадот на „шпионскиот дрон МКЈУ-9 на 26-ти мај”.

Тој навести на Твитер оти Иран има информации за подготовките на САД да ја обвинат Исламската република за нападот на нафтените танкери.

Треба да знаете
Последни објави