Search

Зариф до Помпео: Воен џин или агитација?

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф рече дека обвинувањата на САД и нејзините сојузници дека нападите врз саудиските нафтени објекти се „воен чин” може да се искористат за да се измами американскиот претседател Доналд Трамп да иницира судир со Техеран.

– Воен чин или агитација за војна? Остатоците од Б-тимиот и амбициозните сојузници се обидуваат да го измамат Доналд Трамп да влезе во војна, објави Зариф на Твитер.

Зариф претходно изјави дека таканаречениот „Б-тим”, во кој се вклучени израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, може да го поттикнат американскиот претседател да влезе во конфликт со Техеран.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги опиша нападите врз Саудиска Арабија „како акт на војна”. Зариф, исто така, додаде дека Помпео се обидува да ја избегне обврската на САД да одобри визи на иранската делегација, која е предвидено да замине во Њујорк на седница на Генералното собрание на Обединетите нации.

Треба да знаете
Последни објави