Search

Зариф го откажа учеството на конференцијата во Давос

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф го откажа учеството на Меѓународниот економски форум во Давос, соопшти денеска иранското Министерство за надворешни работи.

Форумот во Давос се одржува од 21 до 24 јануари, односно непосредно откако Иран урна украински патнички авион во кој загинаа 176 лица претходно овој месец, и во време на криза со Вашингтон и спорови со Европа околу нуклеарните потези на Техеран.

Тензиите, исто така, останаа високи во односите меѓу Иран и САД по убиството со дрон на генералот на иранската Револуционерна гарда Касим Сулејмани во Багдад.

Зариф доби покана и беа направени планови да присуствува на годишниот собир во Давос, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави. Според него, официјалните лица на форумот ги смениле плановите за Зариф, што го натерало да го откаже своето патување, пренесува државната иранска агенција Ирна.

Треба да знаете
Последни објави