Search

Зариф ги осуди новите американски санкции

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф ги осуди повторните санкции на САД против Централната банка на земјата како обид на Иранците да им се укине пристап до храна и лекови.

– Ова е знак на американскиот очај… Кога повеќе пати се санкционира иста институција, тоа значи и дека пропаднал нивниот обид иранската нација да ја фрлат на колена со максимален притисок, изјави Зариф.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација воведе дополнителни санкции против Иран по минатонеделниот напад врз саудиските нафтени објекти.

– Само што воведовме санкции кон иранската Национална банка, изјави Трамп на средбата со австралискиот премиер Скот Морисон.

Треба да знаете
Последни објави