Search

Зариф ги обвини САД дека лажат за соборениот дрон

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф рече дека тврдењата на САД дека Иран соборил нивен дрон во меѓународни води се лага и најави дека Техеран тоа прашање ќе го изнесе пред Обединетите Нации.

– САД водат економски тероризам против Иран, спроведоа прикриена акција против нас и влегуваат на наша територија. Не сакаме војна, но ревносно ќе го браниме нашето небо, копно, вода, напиша Зариф на Твитер.

Тој додаде дека Техеран ќе ја изнесе „оваа нова агресија пред ОН и ќе покаже дека САД лажат за меѓународните води”.

Треба да знаете
Последни објави