Search

Зариф во Париз на средба со Макрон за иранскиот нуклеарен договор

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф синоќа пристигна во Париз, кадеќе одржи средба со францускиот претседател Емануел Макрон за нуклеарниот договор од 2015 година.

За време на посетата на Париз, планирано е Зариф да се сретне и со својот француски колега Жан-Ив ле Дријан.

Зариф претходно соопшти дека ќе ја посети Франција во име на претседателот Хасан Рохани со цел да разговара со Макрон за зачувување на Заедничкиот сеопфатен план на акција, како што официјално се нарекува нуклеарниот договор на Иран. Договорот за нуклеарна програма со Иран и групата земји 5+1 (пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија), беше потпишан во 2015 година во Виена. Американскиот претседател Доналд Трамп  минатата година се повлече од Договорот и дополнително го зголеми притисокот за повторно воспоставување санкции за извоз на иранска нафта.

Треба да знаете
Последни објави