Search

Заразен полицаец од Велес отишол со колеги да чува повратници во карантин

На новинарско прашање колку полицајци се во самоизолација и се заразени од Ковид-19, министерот за внтрешни работи, Наќе Чулев одговори дека во моментот има случај каде припадник на ЕБР се заразил надвор од МВР, во домашни услови и е по потекло од Велес.

-Меѓутоа, не знаејќи дека е заразен од Ковид-19, појасни, отишол на службена должност во Охрид, каде што има државен карантин од највисок степен на ризик, бидејќи таму доаѓаат граѓаните од Ломбардија, Италија и таму има засилено присуство на полицијата. Со оглед дека се работи за припадници на ЕБР од другите градови заедно со припадниците на Армијата се сместени во одмаралиштето на МВР и откако е утврдено дека овој припадник е заболен веднаш е контактирано министерството за здравство. Направени се епидемиолошки анкети и е констатирано дека уште други седум припадници на МВР се заболени, а од превентивни причини сите други припадници од Армијата и од полицијата заедно, со околу 21 припадник на МВР, кој е во прислужниот дел на одмаралиштето се ставени во самоизолација, одговори Чулев.

Според Чулев, вкупно 14 припадници на МВР и полицајци се заболени од корона вирус, а 103 се во самоизолација, но тоа е нормална работа и не влијае на ефикасноста на министерството.

Треба да знаете
Последни објави