Search

Заразените со Ковид-19 од северно Косово се лекуваат во Србија

Две лица од северно Косово, на возраст од 43 и 47 години, едно од северниот дел на Косовска Митровица и едно од Лепосавиќ, вчера резултираа позитивни на новиот коронавирус, по што се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Ниш, јави дописникот на МИА од Приштина.

Болниците во два града во Србија, Ниш и Крагуевац, се центри кои според протоколите кои се сега во сила во таа земја се одредени за пациентите од Косово.

Епидемиологот Александар Антонијевиќ потврди за порталот „КоССев” дека присуството на Ковид-19 кај двете лица е потврдено вчера при испитувањето на нивните примероци во институтот „Торлак” во Србија, каде што се испраќаат сите примероци на лица од општините со мнозинско српско население во Косово, за кои постои соменавње дека се заразени со новиот коронавирус.

Во Институтот досега се извршени тестирања на примероци од 13 лица, а за уште три резултатите се очекуваат во текот на денешниот ден.

Со позитивен наод на новиот вирус досега во косовските области со мнозинско српско население резултирале вкупно три лица. Првиот случај, 62-годишна жена од село во општина Липљан, која исто така е хоспитализирана во болницата во Ниш, е потврден завчера, на 26 март.

Според здравствените власти во Приштина, во Косово, без споменатите три случаи, заклучно со вчерашниот ден се регистрирани 91 лице заразено од коронавирусот.

Од 13 март, кога беа потврдени првите два случаи, во земјата се евидентирани едно лице излекувано од заразата и еден починат.

Треба да знаете
Последни објави