Search

Започнува операцијатa СП: Раул денес ќе ги построи своите избраници

Селекторот на Македонската сениорска репрезентација, Раул Гонзалез откако пред неколку дена го објави списокот на повикани ракометари, денес ќе означи старт на подготвителниот период за претстојното СП 2019 во Германија и Данска.

Селекцијата на Македонија, односно собирот на ракометари е закажан за денес со почеток во 16:30 часот во хотел Александар Палас во Скопје. На истиот ќе биде соопштени деталниот план за подготовки во пресрет на заминувањето за Минхен. Македонската репрезентација на Светското првенство ќе игра во групата Б заедно  со Шпанија, Хрватска, Јапонија, Исланд и Бахреин.

Македонија на Светското првенство ќе биде без повредениот Филип Миркуловски, а на списокот ги нема и Немања Прибак, Гоце Ојлески и Никола Марковски.

Треба да знаете
Последни објави