Search

Започнува натпреварот Huawei InFocus Awards за мобилна фотографија и видео

Huawei го објави својот регионален натпревар за мобилна фотографија и видео, Huawei InFocus Awards 2019. Натпреварот им овозможува на талентираните фотографи од Централна, Источна и Северна Европа да ги претстават најдобрите дела и да учествуваат во 6 различни категории.

Со развојот на мобилната фотографија, задоволството од создавање висококвалитетна фотографија веќе не е само во рацете на сопствениците на скапи фотоапарати. Сопствениците на паметните телефони сега имаат уреди што ги претвораат во фотографи. Сепак, вештините за создавање на совршената фотографија или обележување на непознато место со вашиот мобилен уред бараат многу талент и чувство за детали.

Huawei P серијата и предводникот P30 Pro, на љубителите на мобилната фотографија им овозможуваат да создадат навистина импресивни фотографии. Ова се должи и на долгорочното партнерство со познатиот производител на Leica камерите.

Quad камерата на P30 Pro е вистинска револуција во мобилната фотографија. За совршени снимки помагаат и 5x оптичкиот зум и функцијата за дигитално зумирање од 50x, специјалниот сензор Huawei Super Spectrum, ноќните функции и макро фотографијата. За љубителите на видео, функцијата dual view е клучна.

Категории за учество

Конкурсот за Huawei InFocus Award има вкупно 6 категории, 5 од нив се посветени на мобилни фотографии – #Emotion Tag, Hello, Life!, Faces, Going the Distance, Storyboard и едно на мобилно видео – Life Now.

Барањето за учество се доставува на официјалниот сајт на натпреварот од 24 јуни до 11 август.

Откријте ја непознатата убавина

 Huawei ги повикува натпреварувачите да ја откријат „скриената“ убавина околу нас. Во бурниот секојдневен живот, овие прекрасни моменти, дивиот свет и животни, природната и урбаната убавина, често се губат или остануваат зад нас. Благодарение на паметните телефони, овие мигови сега можат да бидат обележани засекогаш.

Светот е полн со илјадници неоткриени убавини, без разлика дали поради нивната оддалеченост, или затоа што тие се сметаат за помалку убави од популарните обележја и туристичките атракции. Затоа Huawei обрнува внимание на овие, досега „скриени“ локации, чиј мистицизам и убавина може да се запечатат со Huawei P30 Pro.

HUAWEI InFocus Awards – Откриј го неоткриеното:

https://www.youtube.com/watch?v=MwXrVsJRFWU

Партнерство со TripAdvisor

Страста за потрага по прекрасни непопуларни локации и прикажување на веќе познати локации но во ново светло е причината за партнерството на Huawei со TripAdvisor. Патувачката платформа овозможува лесно откривање на одлични нови локации и споделување на нив со светот, што се совпаѓа со концептот на Huawei InFocus Awards.

Како ќе се избираат победниците

Сликите и видеата поднесени на конкурсот ќе бидат достапни на официјалната страница на Huawei InFocus Awards. Таму, сите корисници, вклучувајќи ги и натпреварувачите, ќе можат да гласаат за своите омилени фотографии до 18-ти август.

Следниот чекор е гласањето на внимателно избраното жири кое вклучува експерти и популарни фотографи од целиот свет. Во жирито ќе земат учество Анмин Уанг, претседател на Huawei Consumer Business Group Huawei CEE & Nordic, Марчин Тишка, полски моден фотограф кој работи со Marie Claire, Harper’s Bazaar, Glamour, Elle и Vogue, Николај Танинг Ренцман, дански фотограф, популарен со своите ѕвездени портрети и пејзажи на социјалните мрежи, Ема Свенсан, шведски фриленс фотограф кој го обиколува светот во потрага по најдобрите кадри, Иенер Торун, архитект и фотограф кој трансформира урбани средини со своите шарени апстрактни геометриски решенија и Вутеар Кам, француски фотограф од Париз.

Woutear Kam вели: “Поканата да се приклучи на жирито на Huawei InFocus Awards е одлична можност да се потсетиме на важноста на фотографите кои се исто така откритија. Без разлика дали тие бараат нови места или повторно ја откриваат убавината на светот околу нас. ”

Повеќе информации за жирито може да откриете на официјалниот сајт на натпреварот.

Награди

Големиот победник на натпреварот ќе ги добие следниве награди: лаптопот Huawei MateBook 13, часовникот Smart Watch и 10.000 евра, како и ваучер од 250 долари за Trip Advisor. Неговата фотографија, исто така, ќе биде претставена на официјалната страница TripAdvisor во Шведска, Полска, Данска, Австрија, Норвешка, Финска, Чешка, Грција, Унгарија, Израел, Србија, Словачка и Турција.

Победниците во секоја категорија ќе добијат Huawei MateBook 13, Watch GT, Huawei P30 Pro и 2,000 евра и $ 250 ваучер од Trip Advisor. Второ пласираните во различни категории ќе добијат Huawei P30 Pro, а оние на третиот – Huawei P30.

Победникот на категоријата “Награда од публиката” ќе добие Watch GT и Huawei P30 Pro.

Сите информации за натпреварот може да најдете на официјалната страница на  Huawei InFocus Awards.

 

 

Треба да знаете
Последни објави