Search

ВО ЖИВО Кралската венчавка на Хари и Меган

Започнува кралската венчавка

Британскиот принц 33 годишниот Хари, внук на кралицата Елизабета, денеска ќе се ожени со американската актерка, 36 годишната Меган Маркл.

Венчавката ќе започне во 12 часот.

Нумерата „Stand By Me“ ќе биде една од песните кои ќе бидат на репертоарот во текот на службата, наведуваат британските медиуми.

Она што многумина ги заинтересира е кој ќе ја испрати Меган до олтарот.

Тоа после информациите дека нејзиниот татко поради болест нема да може, но и скандалот околу фотографиите, ќе го направи таткото на Хари, принцот Чарлс.

Денеска камерите и фотоапаратите ќе бидат свртени кон големиот настан за кралското семејство, кралската венчавка на Хари и Меган.

 

Треба да знаете
Последни објави