Search

Започна тестирање за антитела на вработените во болниците во Грција

Со одлука на министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, од вчера започна тестирање за антитела на вработените во болниците, во здравствените центри, во локалните и регионални ординации во областа Атика, а до крајот на месецов ќе биде спроведено и завршено и во сите други грчки периферии, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција соопштуваат дека се обезбедени веродостојни тестови за антитела, а тестирањето е доброволно, додека пак резултатите ќе се користат за епидемиолошки цели.

Освен здравствените работници, ќе бидат тестирани и сите други чија работа е поврзана со здравствените центри во земјата, како што се службеници, вработени во агенции за обезбедување, хигиеничари и сл.

Треба да знаете
Последни објави