Search

Започна судењето за несреќата, Тони Цетински вели дека не е виновен

Во општинскиот суд во Пазин, во средата започна судењето на Тони Цетински (49) за сообраќајната несреќа со смртни последици.
Во ноември 2017 година, Тони предизвика несреќа во центарот на Ровињ, во која загина 62-годишниот Ибрахим Кевљани.

Адвокатот на Цетински, Горан Марјановиќ, оспорува некои од точките на овој случај, особено бидејќи се повторува содржината на презентираната теза.

Одбраната бара сите докази да бидат презентирани директно и поднесе барање во реконструкцијата и вештачењето на сообраќајката да биде  вклучен експерт .

Општинскиот државен правобранител тврди дека Тони можел да ја избегне несреќа и дека ќе го докаже тоа.

Судијката Тања Пренц Канис го прочита обвинението, а Тони се изјасни за невин.

Предвидената казна за која се товари Цетински е од една до осум години, според Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Треба да знаете
Последни објави