Search

Започна средбата меѓу Путин и Меркел во Кремљ

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска пристигна во посета на Москва, ги започнаа разговорите во Кремљ.

Путин и заблагодари на Меркел за посетата, која според него, овозможува да бидат разгледани некои од „најострите” прашања.

– Ние со Вас сме во постојан контакт, се занимаваме и со внатрешни проблеми (економски и политички) и со меѓународни. Сакам да Ви заблагодарам што ја прифативте нашата покана и пристигнавте да разговараме на сите тие прашања. Меѓу нив има и горливи, на кои ќе се осврнеме со посебно внимание, истакна рускиот лидер.

Меркел од своја страна, исто така, му се заблагодари на својот домаќин за поканата.

– Имаме цел список од различни теми, за кои би сакала да разговарам со Вас. Тоа се билатерални теми, и теми од меѓународниот дневен ред кои се од интерес за нашите две држави, изјави германската канцеларка, посочувајќи две од нив – ситуацијата во Либија и во Сирија.

Таа додаде дека „секогаш сметала оти е подобро да зборуваат еден со друг, отколку еден за друг”.

Во делегацијата на Меркел се наоѓа и германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Треба да знаете
Последни објави