Search

Запознајте ја новата онлајн платформа – Видкаст.мк!

Жаре од Еден на Еден и актерката Сара Климоска заедно со 10 одлични гости на 10 различни теми

Нешто ново, интересно, а богами и поучно. Секоја од 10-те публикувани епизоди на видкаст.мк опфаќа различна тема: Европскиот пазар, Заштита на животната средина, Институциите на ЕУ, Еразмус како програма за мобилност и образование на младите од ЕУ земјите итн.

Жаре од Еден на Еден и актерката од филмот Врба и 5+ фамилија, Сара Климоска се домаќини на гости како Димитар Ковачевски кој говори колку и дали нашите компании се спремни за европскиот пазар, Горјан Јовановски од Мој Воздух кој споделува многу интересни информации за аерозагадувањето кај нас и како истото се регулира и контролира во земјите од ЕУ, Мевмет Џемајловски раскажува како стана првиот човек и компанија кој доби поддршка од ИПАРД фондовите на ЕУ и повеќе други одлични соговорници.

Сите 10 епизоди може да ги најдете на следната веб страна – www.vidcast.mk, каде заедно со секоја епизода се дадени и супер корисни линкови каде може да прочитате повеќе за темата и да извадите информации кои ви се потребни.

Погледнете го серијалот и проверете колку сте знаеле за темите.

Треба да знаете
Последни објави