Search

Запознајте се со образовните програми на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ќе има Отворен ден во Скопје, со цел да ги претстави разновидните академски програми коишто ги нуди на својот кампус во Солун, Грција. Отворениот ден ќе се одржи во четврток, 21 февруари 2019 година, со почеток во 16.00 до 20.00 во хотелот Скопје Мариот. За време на Отворениот ден, претставниците на Меѓународниот факултет ќе ги презентираат академските програми понудени во четири различни оддели – Бизнис, администрација и економија, Компјутерски науки, Англиски студии и лингвистика, како и одделот за Психологија.

Заинтересираните кандидати и идни студенти ќе можат да се запознаат со можностите за стипендии и ќе добијат детален увид во сè што Факултетот нуди на академско ниво преку наставните единици и методи, академскиот кадар, праксата и целосното академско искуство во меѓународно опкружување со престижни предавачи.

Универзитетот Шефилд е рангиран меѓу најдобрите 100 универзитети од целиот свет, (22ро место во Европа, 75то во светот – според QS ранг листата за 2019). Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ скоро три децении ги реализира програмите на Универзитетот Шефилд во Солун, Грција и на други локации низ регионот на Југоисточна Европа и Кавказ, давајќи им можност на студентите и професионалците да студираат и да се стекнат со дипломи од врвен британски универзитет. Заинтересираните кандидати за да бидат дел од Отворениот ден на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, потребно е да аплицираат на линкот.

Треба да знаете
Последни објави