Search

Запленeти половина тон кокаин во Франција во вредност од 40 милиони евра

На крајот од минатиот месец во северното пристаниште Данкерк француските власти запленија половина тон кокаин во вредност од околу 40 милиони евра, рече денеска францускиот министер за финансии, Жералд Дарманин, објави Ројтерс.

Се тврди дека дрогата била пронајдена на 29 април на брод со контејнери кој носел банани од малата јужноамериканска држава Суринам.

„Француското државно обвинителство спроведува понатамошни истраги”, рече Дарманин во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави