Search

Запленет глисерот на Кичеец во Охрид

По предлог на Јавен обвинител, по претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка, синоќа во македонскиот бисер Охрид се запленети неколку луксузни возила и бродови, односно глисери, пишува порталот Скопје1.

Според извори на порталот, возилата се сметсени во кругот на „Касарната“ во Охрид. Запленетите возила ќе останат таму се до завршување на истрагата во која што се опфатени.

Од ОЈО ја потврдија информацијата, но до овој момент е запаленет глисер во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет”, Зоран Милевски Кичеец.

Обвинителството на 15. месецов отвори истрага против Бојан Јовановски и Кичеец кои ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание”. Првоосомничениот Б.Ј го товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело”.

 

Треба да знаете
Последни објави