Search

Запленети 53 килограми кокаин во Италија, дрогата била сокриена меѓу јужно овошје

Финансиската полиција од Реџо Калабрија и царинските власти запленија 53 килограми исклучително чист кокаин во пристаништето Џоја Тауро, во јужниот дел на италијанскиот регион Калабрија.

Анса објави дека дрогата бил откриена благодарение на соработката со Окружната дирекција за борба против мафијата во Реџо Калабрија.

Како што се наведува,кокаинот бил поделен во 45 пакувања и сокриен во контејнер со јужно овошје коешто пристигнало од Јужна Америка.

Италијанската агенција наведува дека нарко дилерите со мешање на дрогата би можеле да добијат до четири пати поголема количина, со цена којашто варира меѓу 50 и 100 евра за грам, со што би оствариле профит од околу девет милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави