Search

Запленети рогови од носорог со вкупна тежина од 40 килограми

Во Хонг Конг запленети се 40 килограми рогови од носорог, а шверцерите се притворени.

Вредноста на запленетите рогoви се проценува на милион долари, објави агенцијата „Ројтерс“. Виетнам и Кина се главниот нелегален пазар за препродажба на рогови од носорог.

Постојат некои верувања дека рогот лечи одредени болести ако се зема во форма на прав, иако нема научни докази дека рогот кој се состои од иста супстанција како човечките нокти има лековита вредност.

Сите видови на носорози се заштитени, а денес во дивината или во заточеништво живеат околу 29.000 од овие животни, наведува агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави